IFC со за поддршка на Проектот за обновлива енергија

Bez autora
Oct 30 2012

Договор за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), за подобрување направната рамка за обновливите извори на енергија, во вторникто потпишаа минесторот за економија Ваљон Сараќини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. ИФЦ во Република Македонија го спроведува Проектот за обновлива енергија во Македонија, како дел од пошироката Балканска програма за обновлива енергија, со цел создавање на пазар на обновлива енергија во земјите од регионот. Во рамките на овој Проект, ИФЦ ќе овозможи поддршка на министерствата во развивање на поволна регулаторна рамка, согласно светските добри практики и барањата на ЕУ, и тоа во имплементација на Законот за концесии и ЈПП, во делот на мали хидроелектрани, докомплементирање на подзаконската регулатива која се однесува на обновливи извори на енергија, подобрување на нацрт договорите за концесија и нацрт договорите за откуп на електрична енергија, усогласувањето на постојниот Закон за води и подзаконска регулатива која се однесува на малите хидроелектрични централи.

IFC со за поддршка на Проектот за обновлива енергијаДоговор за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), за подобрување направната рамка за обновливите извори на енергија, во вторникто потпишаа минесторот за економија Ваљон Сараќини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

ИФЦ во Република Македонија го спроведува Проектот за обновлива енергија во Македонија, како дел од пошироката Балканска програма за обновлива енергија, со цел создавање на пазар на обновлива енергија во земјите од регионот.

Во рамките на овој Проект, ИФЦ ќе овозможи поддршка на министерствата во развивање на  поволна регулаторна рамка, согласно светските добри практики и барањата на ЕУ, и тоа во имплементација на Законот за концесии и ЈПП, во делот на мали хидроелектрани, докомплементирање на подзаконската регулатива која се однесува на обновливи извори на енергија, подобрување на нацрт договорите за концесија и нацрт договорите за откуп на електрична енергија, усогласувањето на постојниот Закон за води и подзаконска регулатива која се однесува на малите хидроелектрични централи.

„Целта на овој проект  да се овозможи поддршка во промовирањето на инвестициите во секторот за одржлива енергија/МХЕЦ, преку унапредување на успешната реализација на процесите на спроведување на тендери за МХЕЦ што се организирани досега“, истакна Сараќини.

За првите пет меѓународни огласи во Министерството за економија досега се потпишани вкупно 70 договори за концесија за вода од мали хидроелектрични централи, со проценета инвестиција од 120 милиони евра, а по основ на еднократен концесиски надомест во Буџетот на Република Македонија уплатени се над шестотини милиони денари.

„Во досегашниот период, 5 мали хидроцентрали се пуштени во работа, 16 се во фаза на изградба, од кои се очекува 5 да станат оперативни до крајот на годината.  Десет мали хидорцентрали очекуваат да добијат одобрение за градење, додека останатите концесионери се во напредна фаза за барање на одобрение за градење“, рече Сараќини.

Во подготовка е шестиот меѓународен јавен оглас, кој согласно Законот за води, ќе го спроведе Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Од наш интерес е овие јавни огласи да бидат успешни и да се најдат инвеститори кои ги задоволуваат поставените тендерски барања. Доколку добиеме поедноставни и појасни регулаторни и системски решенија во областа, влезот на инвестиции ќе биде побрз и поефективен“, истакна Адеми.

„Проектот ќе се спроведува во следните 4 години во насока на подобрување на правната рамка и инвестиционата промоција на малите хидроелектрични централи (МХЕ) во Македонија; соработка со потенцијалните инвеститори во мали хидроцентрали во насока на подготовка на технички и финансиски одржливи проекти; советодавни услуги насочени кон финансиските институции со цел олеснување на финансирањето на одржливи проекти за МХЕ“, истакна раководителот на канцеларијата на ИФЦ во Скопје, Зоран Мартиновски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik